Јована Дичева, Симона Дичева и Тијана Гоцкова, четирикратните победнички во категоријата „ката тим“ и државни репрезентативки на Македонија настапија на Европското карате Првенство што се одржа од 7 до 9 февруари во Бјалско Бјала, Полска.
Овде во конкуренција од 1209 каратисти од 49 држави, со 1171 натпреварувачки влеза тие го завзедоа високото 7-мо место. Јовна, Симона и Тијана настапија во категоријата „ката тим“. Во оваа категорија најдобри беа претставничките од Франција, кои го освоија првото место. Следуваа Шпанија на второ место, Италија, Турција, Црна Гора и Хрватска, па женскиот ката тим од Македонија и нашите каратистки од Гевгелија.

Јован, Симона и Тијана се членки на Карате клубот „АРМОР“ од Гевгелија и нивниот пласман и настап на Европското првенство годинава беше највисокиот натпреварувачки дострел во 20 годишната спортска историја на клубот.

Инаку, 39 члената кадетска и јуниорска репрезентација на Македонија сепак се избори за еден медал на Европско.

Најуспешна беше носителката на Златен медал во категоријата „Борби индивидуално“ на Државното првенство на Македонија, каратистката Душица Бешлиева од КК „Штип“ од Штип. Таа се враќа со🥉бронза од Европско Првенство за кадети во категорија -54 кг, во категоријата борби индивидуално.
Душица ја совлада Мерјем Тунџај од Турција во борбата за третото место и го освои медалот. Таа, според бројот на бодови го дели третото место со Анастасија Анастасијадис од Грција.

Честитки за носителката на медал, честитки за гевгелиските „ката девојки“ кои обезбедија достојно 7-мо место, на првиот свој Европски настап!
Им посакуваме нов потстрек за нови успеси, да останат златните ката девојки на Македонија и да се пласираат на ЕП следната година, па со годинашново искуство да имаат поголем успех и подобар пласман.
Честитки за вложениот труд и на нивниот тренер Ристо Брзанов.

СРЕЌНО!