СЕДУМ освоени подиуми од атлетичарите на „7 Ноември“ од кои три ПРВИ, три ВТОРИ и едно ТРЕТО место е достигнувањето на тимот на гевгелиските атлетски сили на Треил трка за љубав и вино-Долни Дисан, во Неготино, што се одржа викендов.
Трката се одржува традиционално, а годинава се одржуваше третото атлетско издание. Се трчаше Треил трка со должина од 8 километри и висинско искачување од 300 метри. Достапни беа повеќе категории на натпреварување и тоа на:
– Сениорска трка, поделена на мажи и жени
– Фамилијарна трка (родител со дете до 14 години)
– Детска трка (момчиња и девојчиња до 14 години)

Од Гевгелија учествуваа 18 спортисти во следните категории:
Сениорска трка:
– Прошевски Дарко со постигнато време на траса од 8 км од 55:55 минути (резултат постигнат со актуелна повреда);
– Петков Живко со време од 1:09:12 ч.
– Узунов Борче, време од 52:40
Фамилијарна трка:
1. Анчев Тодор и Цицмиловиќ Божидар постигнато време од 48:03 минути и освоено ПРВО место
2. Семенакови Влатко и Горан, време од 53:24 минути и освоено ВТОРО место
3. Чучанови Георге и Марко 1:10:53 ч.
4. Костадинови Николчо и Клара 1:16:11 ч.


Детска трка
– Петков Томче 50:08 минути и освоено ПРВО место момчиња
– Петкова Сани 1:34:08 со освоено ВТОРО место девојчиња
– Бегова Ана 1:05:50 со освоено ПРВО место девојчиња
– Пајдаков Петар 1:05.48
– Пајдаков Филип 1:34:13
– Костадинов Живко 1:06:06 освоено ВТОРО место категорија деца
– Карамичев Мики 1:22:11 освоено ТРЕТО место категорија деца до 14 години.



Освен подиум за второ место категорија „родители и деца“, Горан Семенаков од Гевгелија со своите 9 години беше најмал учесник на трките во Долни Дисан од сите учесници на атлетскиот настан.

Вака изгледаа подготовките пред стартот на детскиот тим од гевгелискиот атлетски клуб:
Им честитаме за сето постигнато и за напорите на сите учесници од гевгелискиот атлетски клуб. Се надеваме на уште повредни спортски резултати во текот на годината.