петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Две наставнички од Гевгелија на 8-та Меѓународна наставничка Конференција во Охрид

М-р Ленче Јанева од ООУ ,,Крсте Мисирков" и Елизабета Јанева од ООУ ,,Ристо Шуклев" од Негорци беа претставнички од општина Гевгелија на 8-та Меѓународна наставничка Конференција во организација на „АНН&ЛР“

мај 5, 2025
in ФОКУС
Две наставнички од Гевгелија на 8-та Меѓународна наставничка Конференција во Охрид
0
SHARES
1.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот „АНН&ЛР“ од 1-ви до 4-ти мај 2025 год. ја организираше 8-та Меѓународна наставничка конференција под слоганот „Светот на образованието ги брише границите”, каде меѓу 150 учеснички беа и два наставнички од општина Гевгелија.

Покрај големиот број учесници од фелата на образование од некогашните Југословенски републики: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Словенија, учесници од општина Гевгелија беа наставниците – ментори, м-р Ленче Јанева од ООУ ,,Крсте Мисирков” и Елизабета Јанева од ООУ ,,Ристо Шуклев” од Негорци.
Тие успешно ги проследија четирите целодневни работни сесии, со многуте теми и работилници од сферата на образованието, за што им беа доделени и Сертификати за активно учество во сите предвидени активности.

Наставничките несебично вложуваат во својот професионален развој, со надеж дека ќе имаат што да им пренесат на сегашните и идните генерации.

Мотото на Асоцијацијата на на најдобри наставници и лидери во регионот е: „Една книга, еден молив, едно дете и еден учител можат да го променат светот“ (Малала), па така и нашите наствници се обучуваа како нивната мисија преку образованието и пренесените знаења на учениците треба да бидат идни двигатели на светот.

Мотото на Конференцијата: „Една книга, еден молив, едно дете и еден учител можат да го променат светот“ (Малала)

Тематата на конференцијата беше „Финансиска писменост – Мито и корупција”. Но, имаше и подтеми од областа на новото технолошко и информативно брзо време во кое освен вистини, некои се борат со конкуренцијата преку пласирање лаги.Така, нашите претставнички од Гевгелија учествуваа на третата работилница „Информација или манипулација”, на која беа јасно, преку примери и практично учење, прикажани начините преку кои корупцијата зема замав во сите сфери на општеството, посебно во образованието.

Вториот ден се одржа Саем на образованието, на кои беа презентирани проекти поврзани со финансиска писменост кај учениците.

Еве дел од атмосферата:

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2025/05/991a2b3f-aa40-43bb-9e84-1646966b1a90.mp4

Учесничките на Конференцијата остварија прошетка и разглед на Стариот град и посета на Св. Наум со водич, а за учителките беше изготвено и цветна честитка од уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Се’ на се’, наставничките Елизабета и Елена се вратија од Меѓународната Конференција со нови знаења и практични алатки за осовременување на наставниот приод во пренесувањето на образовните програми на своите ученици.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Тешко повреден малолетник од Гевгелија во сообраќајна несреќа во с.Стојаково

Next Post

На ГП „Богородица“ лишен од слобода грчки државјанин

Next Post
На ГП „Богородица“ лишен од слобода грчки државјанин

На ГП „Богородица“ лишен од слобода грчки државјанин

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Втор шаховски Meморијален турнир „Венци Попов“ во Гевгелија

Втор шаховски Meморијален турнир „Венци Попов“ во Гевгелија

2 години ago
Притвор за двајцата криумчари на мигранти кои го предизвикаа крвавиот инцидент во Гевгелија

Притвор за двајцата криумчари на мигранти кои го предизвикаа крвавиот инцидент во Гевгелија

2 години ago
ВИДЕО: Обид за атентат врз Трамп

ВИДЕО: Обид за атентат врз Трамп

12 месеци ago
Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

Почина Стојан Андов – првиот Претседател на самостојна и независна Македонија

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist