Полициски службеници од ОВР Гевгелија синоќа лишиле од слобода 12 лица на возраст од 20 до 38 години во близина на Миравци.
Акцијата се одвивала ноќта, помеѓу 25 и 26.07.2025 во времето од 22:00 до 03:00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, гевгелиско.
Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија во осум поединечни случаи при преглед на лицата или во возилата во кои се превезувале биле пронајдени марихуана и четири таблети виолетова боја.
Лишени се од слобода: Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш и Е.Ј.(22) од Берово.
За сите настани бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.