Традиционално и годинава во чест на прерано починатиот фудбалски голман и истакнат спортски работник од Гевгелија Никола Гелебешев, се одржа фудбалски меморијал во мал фудбал со неговото име, по трет пат на игралиштто на ДТВ „Партизан“ во Гевгелија.
На турнирот настапија 21 екипа од 8 до 17 годишна возраст и околу 200 натпреварувачи, кои ги бодреше локалната публика во нивните егзибиции пред голот.
Меѓу најголемите учесници на турнирот победата и ПРВОТО место и’ припадна на екипата на Авто школа „Прима“. Организаторот им додели диплома за учество и победнички Пехар на турнирот. Овој тим на „Прима“ е двоен шампион, освојувајќи го победничкото место на меморијалот „Гелебешев“ и во 2024 и во 2025 година.

Кај помалите екипи резултатите се следни:
1. ЖФ „Стокол“ Гевгелија – ПРВО место за генерација 2017 +

2. „Vibe Bar3 – Победници во генерација 2015/16
3. „У-10“ – победници меѓу учесниците од генерација 2013/14, и
4. „КМХ Валандово“ – најдобри меѓу генерација 2011/12.
Организатор на спортскиот настан беше и годинава навивачката група „Фантоми Север“, под покровителство на општина Гевгелија.
На спортскиот настан беа доделени и награди за најдобар голман и најдобар играч кај секоја од групата генерации кои настапија на меморијалниот турнир


Никола Гелебешев, виртуозот во лов на „фудбалските буба мари“ јавноста вечно ќе го памети по настапите во ФК Кожуф, исто така и по настапите во Југославенската лига за ФК „Работнички“ и ФК „Вардар“. Богданчани го паметет по настапите во ФК „Вардарски“. По завршувањето на играчката кариера несебично се залагаше знаењето и искуството да го пренесе на младите генерации како тренер. Ретки се луѓето како него кои живееја за здрава и успешна младина.
НИКОГАШ ЗАБОРАВЕН!
Никола Гелебешев – (Гевгелија 1949 – Гевгелија 17 мај 2022)
Голманската легенда на Гевгелија, Гелебешев ќе живее со фудбалски Меморијал