Заврши Меморијалниот турнир во баскет „Иван Пенов“ и во финалната вечер ги донесе новите победници и носители на трофеи за освоените први три места во трите натпреварувачки категории.
Јубилејниот петти по ред турнир беше победнички за:
1. „Red Tigers“ – екипата во женска конкуренција;
2. Автошкола „Прима“ – екипата победник во јуниорска конкуренција и
3. „Cabrela Coffe“ – победници во категоријата сениори.
Останатите освојувачи на награда од организаторот на турнирот се:
Женска конкуренција
1. „Дон Андон“ – II место и
2. „Јуми“ – III место
Јуниори
1. „Coffe bar Fame“ – второ место
2. „Бербер Зајков“ – трето место
Сениори
1. „Casino Flamingo“ – второ место и
2. „Itek“ – трето место
Поединечните награди ги понесоа:
– Никола Бојчев ги понесе титулите МВП и најдобар шутер, а
– Лазар Димов, пак, беше награден како најдобар млад играч.
Наградите ги додели органозаторот на турнирот во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов. Турнирот е дел од програмата за спорт на Општината за 2025 година.
Меморијалот вклучи во игра 26 екипи од општината вкупно 80 натпреварувачи и стотици публика на трибините на игралиштето „Иван Пенов“ и во спорткста сала „26 Април“ каде се одиграа финалните дуели.
Турнирот се организира во спомен на прерано починатиот млад кошаркар на КК „Кожуф“ кој загина во сообраќајна несреќа на 20 февруари 2021 на свои 17 години возраст. На денот на финалето, 4 февруари 2025, Иван ќе полнеше 22 години. Пред него беше светла кариера во кошарката. Сега забива тројки со ангелите.
Меморијалот во спомен на Иван е сеќавање за прерано заминатиот кошаркар, но и спортски потстрек за новите млади кошаркари во спортска Гевгелија.