На социјалните мрежи се погласни се реакциите на граѓаните за помош на вработените во фабриката на „Макпрогрес“ од брендот „Винчини“ каде над 400 вработени останаа без работа, во големиот пожар пред два дена.
Прва со свој Став се јави Ина Многуфина за помош на 400-те вработени во фабриката на „Макпромет“ која изгоре во големиот пожар во Виница, за да може да се обнови фабриката и тие да продолжат со својата работа од каде што ја обезбедуваат егзистенцијата на семејството.
Знаете ли дека пола Виница работи во погоните на „Винчини“?
- „Јас не ни знаев дека пола Виница работи во Винчини“, вели Ина во својот пост на социјалните мрежи.
- „Баш ми е жал за ова што се деси, сигурно луѓето се загрижени за понатака, нормално е, сигурно има и семејства каде повеќе луѓе работат таму. Прочитав дека нема да отпуштат никого, што е браво и ќе ги обноват погоните. Најавија дека производите нема да поскапат, напротив, некои ќе поевтинат за да може да се дигне потрошувачката и со тоа да имаат можност побрзо да си продолжат со работа.
Најмалку што можеме да направиме е да купиме од нивните производи кога ќе пазариме, да им помогнеме на вработените да се вратат побрзо на работа и да не се секираат за нивната егзистенција“ – напиша Ина на својот фејсбук профил.
Сега, останува на Вас, драги луѓе, да помогнете – купете од производите на „Винчини“ засладете се и знајте дека со тоа сте направиле добро дело!
За ваквата акција има поддршка и од многумина на социјалните мрежи. Да ја прошириме акцијата: