На траса долга 6,3 километри ридско-планинска стаза во Куфалија, Грција, атлетичарот Тоше Анчев од АК „7 Ноември“ Гевгелија постигна најдобро време и освои ПРВО МЕСТО.
Со време од 26 минути и 55 секунди Тоше ја пресече победничката лента на Целта и го освои највисокиот, победнички подиум од 119 учесници од Балканот на трката во Куфалија.

Со 4:34 минути задоцнување зад Тоше на целта стаса и Борче Узунов (време 34:29 min) кој го завзеде 6-тото место, а следуваше и Васко Проданов (време 36:16 min) кој оствари 11-то време на стазата во Куфалија.

Ова се извонредни резултати за атлетичарите на АК „7 Ноември“ остварени во конкуренција со атлетичари од Грција, Бугарија, Албанија и Македонија. Единствени претставници за Македонија беа тројцата учесници од гевгелискиот атлетски клуб.
– „Трката беше доста тешка бидејќи патеката беше нерамна, со камења, песок и малку асфалт, со елевација од 170 метри, а жешкото време беше дополнително оптеретување. Оваа победа не е само моја туку и на сите кои ме поддржуваа од публиката, мои колеги од работа, од атлетскиот клуб, од семејствата и нивните деца кои го следеа атлетскиот настан во Куфалија“ – изјави скромно победникот Тоше Анчев за GevgelijaNet.

Тоше Анчев е атлетичар, професор по спорт и тренер, па затоа победите му се својствени и заслужени.
Честитки до победникот!
Честитки за постигнувањето на целиот атлетски тим од Гевгелија!



















