Есента се претстави денес во Гевгелија со повеќечасовен есенски дожд.
На 11-от ден од календарскиот настап на есента Гевгелија беше опсипана со врнежи од дожд кој во градот на југот зад себе остави 24 литри на 1м2 дождовен талог во последните 12 часа.
Градот наврнат, полн со такси возила за граѓаните не навикнати на влажни улици.
Кафиќите полни со друштва на кафе муабет. Така гевгеличани му одвраќаат на дождот, дека нема да ги поколеба да уживаат во ноќта.
Утре, се прогнозира времето да биде речиси исто со температура од 11°C, со повремени врнежи од дожд и засилен ветер од северозападен правец.
Во текот на врнежливиот ден градот беше раздвижен со автомобили и пешаци со чадори, кои итаа побрзо да завршат работа и да се вратат дома. Прокапаа на земја последните плодови од смоквите, влагата ќе ги распука калинките.
Есента сериозно се најавува дека е тука и ќе трае…
Music credits: Elegija za trombon – Kiril Ribarski i Shpato



















