Протести се случуваат во повеќе земји откако израелските сили ја пресретнаа хуманитарната флотила „Global Sumud“, чија цел беше да достави помош во Газа каде во некои делови е прогласена глад, пишува Скај Њуз.
Израелската војска во текот на ноќта блокираше 20 брода со активисти и хуманитарни залихи, меѓу кои и бродот на шведската климатска активистка Грета Тунберг. Сепак, според веб-страницата Flotilla Tracker, хуманитарната флотила и понатаму се движи кон Газа.
Израелското Министерство за надворешни работи објави дека бродовите на флотилата со хуманитарна помош за Газа се запрени, а шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг и „нејзините пријатели“ се однесени „неповредени и во добра здравствена состојба“ на израелско пристаниште. Израел соопшти дека Грета Тунберг и нејзините коактивисти ќе бидат депортирани во Европа.
Грета се јави дека е киднапирана од Израелските вооружени сили, притив нејзина воља. Бара помош од нејзината Влада да бара ослободување нејзино и на своите пријатели кои се дел од поморскиот конвој за помош на Газа.
На почетокот на пловидбата, „Global Sumud Flotilla“ превезуваше околу 500 активисти од различни земји.
Во знак на солидарност со флотилата, демонстрации се одржаа во Италија, Шпанија, Колумбија, Аргентина и други држави.
Грета Тунберг се јави на социјалните мрежи и упати порака до Изрел: „Ќе се вртиме!“
Грета Тунберг изјави за „Новара Медиа“ дека ова нема да биде крај.
– „Ова движење, оваа мисија, е само дел од големо глобално востание“, рече таа, додавајќи дека тоа е нејзин трет обид да ја пробие опсадата. „Ова воопшто не е еднократна мисија. Ќе продолжиме да се бориме додека не ја постигнеме целта.“



















