Првиот есенски дожд во Гевгелија остави воден талог од 51,4 литри на 1 метар квадратен во текот на 24 часа. Само во првите 12 часа од вчерашниот дожлив ден наврнаа 27 литри/м2 дожд. Дождот остави благородна влага и храна за преостанатата есенска реколта.
За речиси литар повеќе дожд наврна во Струмица 52,3 л/м2. Следуваат Демир Капија 49,7 л/м2, Скопје Петровец (47,4 л/м2), Тетово 45,5 л/м2. На повисоките места врнежите преминаа во снег и оставија снежна покривка од 6 сантиметри во Ѓуриште, Лазарополе,
Денеска денот започна со температура од 6,4 степени Ц, со сончев сјај кој ветува потопол ден со дневна температура до 15 степени Целзиусови. Ветрот од северозападен правец ги растера облаците, па останува да уживаме во сончев и потопол есенски ден во Гевгелија.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Важно е дека температурите ќе бидат двоцифрени со 20-на степени целзиусови, а најниските ќе паднат до 15-от степен во текот на следната недела.




















