Невообичаено електрично еколошко возило со единствена мисија да пропатува низ целиот Свет денеска пристигна во Гевгелија. Го затекнавме брачниот пар Глорија и Фан Јуху како паркираат во центарот на Гевгелија на најдолгата улица „7 Ноември“.
На каросеријата од нивното возило има ознака за нивната патувачка мисија и знамето на секоја земја која до сега ја посетиле со својот уникатен еколошки автомобил.
Нивната мисија е да пропатуваат во 101 земја во нивното возило со нулта емисија. Со тоа, тие сакаат да исполнат лична цел, но и да покажат дека патувањето може да биде еколошки одговорно.
– „Понекогаш е голем предизвик да се најде место за полнење на нашите автомобили. Многу земји, немаат доволно полначи, па затоа мора да бараме станици за полнење, што понекогаш е голем предизвик. Покрај тоа, често е проблем да се најде тоалет, бидејќи, како што знаете, секогаш сме на пат“, вели Глорија Јуху.
Во Гевгелија за среќа има електричен полнач на 10-на метри од нивното место каде беа денеска паркирани и беа услужно упатени каде да го наполнат своето возило.

Она што е веќе стандардно во Кина, во овој дел од Европа се користи само спорадично. Сепак, има и одлични искуства: велат дека биле особено трогнати од топлината на луѓето тука, како и од богатата локална кујна.
– „Ја сакаме Македонија првенствено затоа што времето е убаво, луѓето се љубезни, пријатни и лесни за комуникација“, додава Глорија.
Македонија е моментално е 96-то знаме во нивната патна „архива“, а остануваат уште шест. Иако и двајцата се прв пат тука, Глорија вели дека се надева дека нема да им биде последен.

Глорија и Фан се не толку обични туристи, тие се брачен пар од Малезија и Кина, со својот потфат покажуваат дека патувањето може да биде еколошки одговорно. Во текот на петте години брак, до сега посетиле 95 земји низ целиот свет, сите со својот електричен автомобил. Глорија и нејзиниот сопруг Фан Јуху денеска застанаа во Гевгелија, Македонија.

Oва е видео од нивното патување низ Унгарија, снимено на граничниот премин Хоргош, каде возилото беше „заглавено“ од преголемата гужва. Сепак со својот несекојдневен изглед возилото привлече посебно внимание и дигната рампа за премин, после вообичаената гранична процедура.
Од Унгарија заминале за Србија, а од тука во Македонија и во нашата Гевгелија.
Им посакуваме пријатен престој и среќно понатамошно патешествие!


















