Ана Иванова, Влатко Семенаков, Цеца Србова и Тоше Анчев се победници на Штафетната трка на Скопскиот маратон 2025 што се одржа денеска во Скопје, Македонија.
Тие трчаа во конкуренција од 99 мешани штафети, а на целта стигнаа со резултат 03:01:47 часа постигнувајќи најдобро време и го завзедоа победничкиот пиедестал и победничкиот пехар за мешани маратонски штафети во меѓународна конкуренција.
Женските од штафетниот тим трчаа по 10 километри од маратонот, а машките учесници трчаа по 11 километри од маратонската стаза. Свкупно 42 километри. Учинокот на секој од нив во штафетната маратонска трка е следниот:
894-1 Ivanova Ana – f – родена 1984 год. – време 00:47:52
894-2 Semenakov Vlatko – m – 1984 – време 00:43:23
894-3 Srbova Ceca – f – 1996- време 00:46:14
894-4 Anchev Toshe – m – 1996 – време 00:43:54

Влатко, Тоше, Цеца се членови на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а Ана на „Korraners“- Скопје.
Ова беше 21-во издание на најголемиот спортски настан во нашата земја, „Виз Ер Скопски маратон“. Тркачите учесници во маратонската, полумаратонската и штафетната трка „ЕУ за спорт“ стартуваа од пред Собранието на Република Македонија во 08:05 часот и се движеа по патеката во насока кон Хром.
Од АК „7 Ноември“ Гевгелија на овој значаен спортски настан учествуваа и тројца атлетичари во полумаратон, а нивното достигнување е следново:
– Стеван Ѓошев (време од 01:33:06),
– Благојче Темелковски (01:45:25) и
– Андон Дучков (01:48:03).
Годинашново издание на „Скопскиот маратон“ имаше рекорден број учесници 14.010 атлетичари од 58 држави.

Во ваква силна меѓународна конкуренција победник на маратонот е нашиот македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка конкуренција со време 2:14:50 и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција (2:38:31 h) кои ги понесоа победничките пехари од годинешното, 21-во по ред, издание на „Виз Ер скопски маратон“.

Покрај натпреварувачкиот дел, годинашниот маратон се одликуваше и со весела и поддржувачка атмосфера: долж патеката беа поставени 26 музички точки, а 500 волонтери се грижеа за тркачите, делејќи 25 тони вода и 2 тони овошје.
„Виз Ер Скопскиот маратон 2025“ уште еднаш го претвори Скопје во град на спортот, пријателството и позитивната енергија, обединувајќи илјадници луѓе со истата страст – љубовта кон трчањето.
Главен покровител на настанот е Министерството за спорт на Република Македонија, а покровител е Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.




















