Обвинителството во Бургас, започна истрага за три жртви кои загинаа за време на поплавата на 3 октомври. Станува збор за граничен полицаец, багерист и работник кои ги загубиле животите.
Утрово дел од армијата, полициски сили како и други доброволци се упатиле кон местото на настанот, каде што треба да помогнат во расчистувањето на штетите кои настанаа од катастрофалните поплави.
Блиску 110 лица побарале медицинска помош, додека околу 200 се евакуирани од најпогодените места како што се Свети Влас и Елените.
“Елените” днес преди около 5 часа (около 14 часа). Според близката НИМХ станция, правеща измервания в района, за периода от полунощ до към 6 следобяд, тоест за 18 часа, са паднали около 220 милиметра дъжд (неокончателна информация). А дъжда продължава. Жертвите в “Елените” са… pic.twitter.com/iyGTuJdQrt
— Всичко е точно (@takeonmenow) October 3, 2025
Дождот паѓал 18 часа и наврнале 220 литри воден талог на 1 метар квадратен, што е резултат на големите поплави во „Елените“ каде се регистрирани трите жртви.
Според официјалните податоци, една жртва е пронајдена во подрум на хотел во Елените, додека животите ги загубиле и багерист-доброволец кој расчистувал, како и граничен полицаец што се обидувал да спаси други луѓе. Штетите се огромни, а постои стравување дека бројот на загинати ќе се зголеми по повлекувањето на водата.
Во населбата Изгрев наврнале над 410 литри дожд на метар квадратен, а во Царево околу 225. Поплавите предизвикале уривање на мостови, оштетување на патишта и потопување на бројни објекти. Дел од населението е евакуирано, а војската работи на расчистување на реките и блокираните подрачја. Според властите, дополнителен фактор за поплавите било неисчистеното речно корито. Целиот регион се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Властите ги повикаа луѓето да „не се спротивставуваат и да се евакуираат“, истакнувајќи дека нема точен број на оние кои сè уште не се евакуирани. „Во моментов нема кризни точки на брегот на Црното Море и се надеваме дека нема да има. Во контакт сме со Националниот институт за метеорологија и хидрологија за да обезбедиме јасност во врска со претстојните обилни дождови и да бидеме подготвени да одговориме на секоја опасност“, рече бугарскиот министер.
Шест жени, од кои три се полски државјанки, беа евакуирани од одморалиштето. Теренските возилата не беа во можност да пристапат до поплавените згради. Спасувачки екипи се испратени од градовите Несебар и Поморје, додека нуркачи и специјален амфибиски брод работат на местото на настанот.




















