Денес празнуваме со мисла на искажана почит и благодарност кон нашите херои од 11-октомвриското победничко востание, кога Македонија застана во редот на прогресивните светски сили и во текот на НОБ избори своја слобода, самобитност, држава.
Одбележуваме 81 година од историскиот отпор кој започна на 11 октомври 1941 година со нападот на бугарскиот фашистички участок во Прилеп, а следниот ден борбени дејствија против окупаторската власт започнаа и во Куманово.
Тој стремеж кон слобода понесе и многу борци од Гевгелија и гевгелиско, некои ја положија својата младост и живот за таа цел. Денес со почит и пиетет нивните спомен обележја се овенчани со цвеќе во знак на благодарност за нивната храбра жртва.
Вечна слава на хероите и борците во Нaродноослободителната борба.
Вечна да си Татковино!
🌺🌿 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 🌿🌺



















