Денеска напладне во Богданци се одржаа традиционалните ученички трки кои се организираат во чест на одбележувањето на општинскиот празник, Денот на ослободувањето на Богданци од фашистичкиот окупатор.
Ова е најмасовен спортски настан во одбележувањето Денот на Богданци, кога пред 81 година бил ослободен од фашистичката наезда во Втората Светска Војна, на денешниот ослободителен ден, 10 октомври 1944 година.

На традиционалните „Улични трки“ учество зедоа учениците од училиштата ООУ „Петар Мусев“ Богданци и ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково и СОУ „Богданци“ кои се одвиваа низ централната улица, од конфекцијата „Бреботекс“ до центарот на градот. Натпреварите беа поделени по возрасни групи, а така се прогласуваа и најдобрите, најуспешните.
Женска трка- категорија 6 и 7 одделение:
1. Николија Арнаудова – Прво место
2. Бојана Аврамчева- Второ место
3. Ивана Тасева – Трето место
Женска трка – Категорија 8 и 9 одд.
1. Мелани Ивановска – Прво место
2. Јоана Мачукова – Второ место
3. Сани Петкова – Трето место
Женски средношколки од 1 до 4 година:
1. Милена Фириева – Прво место
2. Ружица Пеева – Второ место

Машка трка – категорија 6 и 7 одд:
1. Максим Ангов – Прво место
2. Александар Угарчев – Второ место
3. Маријан Јакимовски – Трето место

Машка трка – категорија 8 и 9 одделение:
1. Антонио Каракабаков – Прво место
2. Стојан Иванџиков – Второ место
3. Даријан Арнаудов – Трето место

Машки, трка средношколци од 1 до 4 година:
1. Јован Брљамов – Прво место
2. Методи Младеновски – Второ место
3. Славе Васиќ – Трето место

Спортскиот настан го организираше Сојузот на училишни спортови во соработка со општинските училишта, а наградите (медали и дипломи) на најдобро пласираните на првите три места од трките во сите категории ги додели Градоначалникот на општина Богданци.
Честитки за сите учесници. Честитки и за добитниците на медали!
Честит слободарски празничен ден за богданчани!




















