Со полагање свежо цвеќе на бистите од паднатите борци од Богданци и богданско и носители на Партизански споменици, денеска започна одбележувањето на Денот на ослободувањето на Богданци од фашистичкиот окупатор, 10 октомври.
– „На овој ден, пред осум децении, нашите храбри предци ја донесоа слободата и го запишаа Богданци во редот на градовите кои со достоинство извојуваа за својата иднина“, се потсетуваат славениците од оваа општина со пригодно сеќавање пред спомен обележјата во центарот на Богданци.

Во таа чест, Градоначалникот Блаже Шапов, заедно со гости од збратимените општини Калиновац и Подстрана Р.Хрватска, претставници од Сојузот на борците и нивни продолжувачи, претставници од општинските училишта и детската градинка и граѓани денес гордо стоеја пред бистите на паднатите борци, искажувајќи им почит на слободарските великани од овој крај.
Се положија буќети цвеќиња за благодарност за положената младост на овие храбри борци и поклон за нивната бестрашна жртва за слободата.

– „Овој ден е симбол на храброст, обединетост и љубов кон татковината. Да се оддаде почит на паднатите борци и на сите ослободители значи да се потсетиме дека нивната жртва е темелот врз кој го градиме нашиот слободен, мирен и модерен град“ – беше речено во посветениот говор што го прочита ученичка од Богданци.
Во посета на општиана Богданци беа и претставници на Здружението на борците од Гевгелија кои остварија прием кај градонаалникот на општина Богданци и искажаа честитки за големиот слободарски ден на жителите од овој крај.

Одбележувањата на Денот на ослободувањето на Богданци продолжуваат и утре, и во недела со пригодни културно-уметнички, спортски и традиционални локални настани.
Нека е честит 10 Октомври – Денот на ослободувањето на Богданци и нека продолжи слободарскиот напредок за севкупно добро на граѓаните!






















