По повод 81 годишнината од ослободувањето на Општина Богданци на свечена церемонија беше доделено највисокото општинско признание на Никола Пеев – член на Македонскиот параолимписки тим кој освои две медали (златна и бронзена) на последно одржаниот Меѓународен пара-атлетски митинг „Загреб Опен 2025“ одржан во Хрватска.
Никола е првак и вицешампион 9 години по ред во атлетски повеќебој на Републичките спортски игри за лица со телесен инвалидитет.
Изминатата недела Никола доби „Плаќета 10 Октомври“ – за посебен придонес во спортот и високите резултати и медали остварени како пара-атлетичар во повеќебој и афирмација на општина Богданци.

Никола со радост ја прифати највисоката награда од својата општина. Тој е жител на с.Стојаково, член на ЗГ на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, член на Параолимпискиот тим на Македонија и повеќегодишен добитник на медали во атлетски повеќебој во дисциплините фрлање копје, ѓуле, диск.
Со своите спортски достигнувања тој придонесува и за афирмација на спортот помеѓу лицата со инвалидитет, афирмација на општина Богданци како нејзин жител, афирмација на Македонија како носител на медали од последната Пара-олимпијада 2025.
На свечената церемонија беа доделени општински награди и признанија на осуммина истакнати личности, дејци, спортисти од општина Богданци.

Честитки за сите нив!


















