Здружението „Валандер“ од Валандово го закажа организирањето на Првиот Фестивал на калинката по повод 6 ноември, Денот на ослободувањето на Валандово.
Овој настан е посветен на калинката како плод со цел промоција на калинката како стратегиски земјоделски производ, како и на вредната рурална заедница која стои зад нивното производство. Фестивалот е со интенција да ги обедини локалните производители, земјоделци, жени од руралните средини, здуженија, посетители и институции.
Место на одржувањето е плоштадот во центарот на Валандово, а почетокот е закажан на пладне во 12 часот, следната сабота, на 8 ноември 2025 година.
Програмата вклучува:
– изложба на свежи калинки и производи од калинка;
– настап на фолколрни групи, локални музичари, настап на деца;
– дегустација на калинката и производи од калинката;
– обраќање на претседателот на Здружението и други поканети гости.

– „Фестивалот на калинката е повеќе од аграрен настан – тој е симбол на заедништво. Преку ваквите манифестации Валандово го зацврстува свето место како центар на иновации и традиција во земјоделското производство. Ги покануваме сите граѓани и љубители на природата и традицијата да бидат дел од овој прв Фестивал на калинката во Валандово, препознаен како Градот на калинките“ – изјави Лејла Рајкова, претседател на Здружението „Валандер“ од Валандово.
Настанот се организира со поддршка на општина Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ Валандово.



















