Најмалиот фудбалски талент од Гевгелија Јован Насев (8 год.) минатата недела официјално настапи во дресот на ФК „ПАОК“ од Солун, Р.Грција.
Тој настапи во пионерскиот тим, генерација 2017 на ФК „ПАОК“ кој настапува во пионерската лига на Грција.
На натпреварот „ПАОК“ играше против „MAKEDONIKOS“ и одигра за победа со резултат 9:1. Во резултатот свој придонес имаша и 8 годишниот Јован, со постигнати 4 гола. Прецизен како и секогаш, се протнува во играта каде што треба, веднаш ја препознава шансата за гол и ја пласира топката во мрежата на противникот.
Еве ги првите три гола постигнати од Јован, вториот е со глава, прецизен и директен.
На првото видео со првиот гол за сефте ја слушате публиката во Солун како го бодри малиот фудбалер од Гевгелија, од Македонија: „Ајде Јоване, ајде!“
Јован минатата недела имаше и официјален тренинг со првата пионерска постава фудбалери на „ПАОК“ кои настапуваат на национални и меѓународни натпревари, на покана лично од претседателот на клубот. Му беше понудено да се префрли од АЕП „Академија ПАОК“ од Поликастро во првиот пионерски тим на „ПАОК“ во Солун, но тоа е одлука која ќе го окупира целото семејство зошто Јован е дете, ученик, го сака фудбалот, но и животот треба да функционира и да се надградува.

Засега семејството не може да прифати таков трансфер веднаш и договорено е Јован од следната натпреварувачка сезона да премине да тренира и игра за најдобриот солунски тим во Грција ФК „ПАОК“-Солун.
GevgelijaNET од почетокот на меѓународниот ангажман на Јован известува за неговиот напредок, први известуваме за брзиот продор на малиот голгетер и можноста да бира клуб каде ќе ја продолжи својата фудбалска надградба, настапите и кариерата.
Му посакуваме среќна и успешна меѓународна фудбалска кариера!




















