На денешниот јубилеен спортски настан во Гевгелија „November Run 2025“ на Детската трка која стартуваше низ улиците на Гевгелија за ПРВО место, освоен подиум и МЕДАЛ за најдобро време се изборија победничките атлетски сили од југот, членови на АК „7 Ноември“:
– АНА БЕГОВА со време од 3 минути и 53 секунди
– МАКСИМ АНГОВ – време 3 минути и 19 секунди
Ана е помала од Максим за една година, родена е 2014, а Максим 2013 година и на тркачките патеки се тука некаде рамо до рамо, а со рекордите беспрекорно ПРВИ.

Останатите во категоријата детска трка кај девојчињата, кои пристигнаа на целта после Ана се: Клара Дуева (4:10), Стефани Попгоргиева (4:14), Илина Станојевска (4:15) и петтопласирана Добрилка Семенакова (4:23).
Во женската трка кај девојчињата на трасата од 1 километар настапија 59 натпреварувачки.
Во машка конкуренција од 68те учесници, после победникот Максим на целта пристигнаа: Ѓорге Папучиев со второ најдобро време од 3:30 минути, Ристе Јовановски (3:38), Матеј Јаневски (3:41) и Димитар Гелов како 5то пласиран со време од 3:42.
Им честитаме на младите атлетски сили од „Школата за атлетика“ АНА БЕГОВА и МАКСИМ АГОВ, членови на АК „7 Ноември“ Гевгелија за ПОБЕДАТА и гордоста која и’ ја посветија на Гевгелија!




















