Гевгелиските ракометни ветеранки уште знаат да победуваат и да владеат на теренот.
Вчера во рамките на ревијалниот натревар помеѓу екипите на ЖРК „Ветерани ЈУГ“ Гевгелија и „Ракометните ветеранки“ од Куманово нашите незапирливи ракометарки остварија победа со тројно поголем гол резултат од гостинскиот тим – 15:5 е победничкиот резултат за ЖРК „ЈУГ“ Гевгелија.
Незапирлива на теренот беше Мими Доскова која постигна 10 погодоци, а Елма Пршеш Попова резлизираше 5 погодоци. Нејзина заслуга се и 8 асистенции за гол сериите кои ги постигна „Југ“.
Овој натпревар се одигра вчера, 23 ноември во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, како спортски настан за одбележување на победничкиот ден за Гевгелија, 7 Ноември и 81 година слобода.

Соработката со гевгелиските ветеранки со „Ракометни ветеранки“ Куманово траа веќе неколку години, а гевгелиските ракометарки се редовни учеснички на меморијалниот турнир што се одржува во Куманово, во април месец, во спомен на прерано починатата ракометарка на ЖРК „Куманово“ и бивша репрезентативка на Југославија, а по осамостојувањето и репрезентативка на Македонија, Јасмина Голубовиќ.
Минатата година Ветеранките од „ЈУГ“ Гевгелија беа Вицешампионки на турнирот во Куманово. Во победничкиот Ноември за Гевгелија, се ПОБЕДНИЧКИ на свој терен на празничниот ревијлен ракометен натпревар.
Честитки за победата и што не се откажувате од победите и во зачекорената 5-та деценија од животот!




















