Ученикот од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија Костадин Узунов минатиот месец настапи на поетски собир „Хеликон пред микрофон“ читајќи поезија од Блаже Конески и не остана незабележан. Тој е добитник на Втората награда за рецитација на годинашниве „58-ми Детски рацинови средби“ што се одржаа во Велес.
Со настапот на „Хеликон пред микрофон“ ги потврди своите рецитаторски способности, знаење стекнато во гевгелиското средно училиште под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ од СОУ „Јосиф Јосифовски“.
Поетскиот настан „ХЕЛИКОН ПРЕД МИКРОФОН: читање антички стихови и современа македонска поезија со одгласи на антиката“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет се одржа на 28 ноември 2025 (петок), во аулата на Филозофскиот факултет во Скопје.

Настанот е дел од серијата настани што Филозофскиот факултет ги организира по повод одбележувањето на 105-годишнината од основањето на факултетот.
Костадин настапи со испратена видео снимка со читање на песната „Убавица“ од Блаже Конески. Преку јавниот настап на учениците „Хеликон пред микрофон“ има за цел и да ги поттикне младите да ја доживеат поезијата не само како училишна лектира, туку и како живо уметничко искуство.
На „Хеликон пред микрофон“ настапија ученици од средните училишта од повеќе градови во државата (Скопје, Куманово, Делчево, Струга, Прилеп, Гевгелија, Македонска Каменица и др.).
Слушнете го Костадин со песната „Убавица“ од Б.Конески:



















