Уметноста на јазиците кои не изумираат успеваат да ги анимираат и младите генерации како што е средношколецот Ѓорги Новаковски од Гевгелија, ученик III година при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, кој изучувајќи го латинскиот јазик успеа да покаже знаење и да освои медал – СРЕБРЕН.
На натпреварот по латински јазик „ELEX vestibulum“, организиран на меѓународно ниво со учество на ученици од 40 земји од Европа, а организатор е Асоцијацијата „EUROCLASSICA “, чиј член е Здружението на класични филолози „Антика“, ученикот Ѓорги Новаковски под менторство на професорката Мирјана Чамџиќ го освои Второто место и заслужен сребрен медал.

Натпреварот беше организиран во 40 земји од Европа, осмислен да ги активира љубителите на латинскиот јазик и да го провери нивното знаење.
„ELEX vestibulum“ е меѓународен натпревар наменет за ученици кои минатата година го изучуваа латинскиот јазик и тие одговараа на 40 прашања од граматика, цивилизација, митологија, историја и култура на Стариот Рим.

Се’ си знаат нашите деца, од антика до актуелното време, затоа честитаме за медалоносецот Ѓорги Новаковски!



















