Викендов во Велес се одржа „Christmas dance competition 2025“ во организација на балетско студио „Анабела“од Велес. На натпреварот учествуваа рекордни речиси 2000 натпреварувачи.
Танцовото студио „Mystic dance“ од Гевгелија се натпреваруваше со две продукции (настапи со преку 40 учесници) со божиќни мотиви кои остварија ПРВО место во своите категории.
– „Значајни настапи имаа и нашите солисти кои освоија различни позиции во своите категории, би издвоил едно прво место, едно второ, едно трето, едно четврто и едно петто. Тоа се деца кои обезбедија пласман во ТОП 5 натпреварувачи во своите категории“ – вели Александар Аврамов, танцовиот кореограф и водител на студиото „мистик“ од Гевгелија.
Еве го радосниот момент на прогласувањето победа на првата танцова формација од „Мистик“
На овогодинешното 6-то издание на „Christmas dance competition 2025“ учествуваат рекордни 1917 танчари со 2.352 настапи од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција и Косово, што го позиционира натпреварот како едно од најголемите танцови случувања во регионот. Организаторите пречекаа повеќе од 3000 посетители, што дополнително го зацврстува значењето на настанот за локалната културна сцена и туристичка понуда.
Во ваква домашна и меѓународна конкуренција и пред ваква публика „Мистик“ од Гевгелија освои две први места и пет девојки со своите соло настапи се пласираа во ТОП 5 изведби на Фестивалот.

Секогаш спремни за танц, секогаш успешни на танцовиот подиум, секогаш наградувани – студио „Mystic dance“ Гевгелија! Танцувајте, радувајте се, забавувајте ја и разнежете ја публиката која Ве очекува и во Гевгелија на Новогодишниот базар на градскиот плоштад!




















