Вечерва гевгеличани сплотени со една добра мисла, добра порака „Да помогнеме на малата Михаела да се справи со својата болест и да продолжи да го живее детството во игра и смеа“ –
По многуте хуманитарни акции помошта за Михаела уште е потребна. Таа е мало девојче кое живее со своите родители во с.Милетково, гевгелиско. Тешката болест на Михаела ги исцрпи финансиски, а лекување уште е потребно. По тој повод на иницијатива на фолклорните друштва од Гевгелија вечерва во Народниот театар во Гевгелија се организира Голем Хуманитарен концерт насловен „Сите за Михаела – заедно од срце!“ на кој ќе настапат бројни изведувачи.
На сцената за помош на Михаела ќе настапат:Фолклорен ансамбл „Мегдан“ Богданци, ФА „Бојмија“ Гевгелија, танцово студио „Мистик денс“ Гевгелија, Црковен хор „Св.Јован Кукузел“ Гевгелија, градски мешан хор „Гортинија“, солистите Кристијан Марковски, учесници од ДФ „Калинка“, мал рецитал поезија и ученици од ОМУ „Васо Карајанов“ Гевгелија.
Настанот е хуманитарен, Цената на влезницата е 200 денари, а сите приходи се наменети за лекување на нашата мала сограѓанка МихаелаМитровска.
Почеток на Концертот е 18:00 часот.
Ако не бидете на концерт вечерва, одлучете барем да свртите на еден од донаторските броеви: Телеком 143 – 142 и А1 143 – 486.
С-ка за донации: 250 – 0020005883 – 48 „Шпаркасе Банка“ за корисник Митровски Горан, родител на Михаела.




















