Синоќа во 19:10 часот во дирекцијата на ТППЕ Гевгелија беше примен повик за интервенција на опожарена куќа во Богданци.
Единицата на ТППЕ Гевгелија се упати веднаш на терен со 7 пожарникари и три противпожарни возила. Се гаснеше 2 часа и 20 минути, се’ до 21:30 часот кога пожарот беше целосно елиминиран.
Пожарот избил на кровната конструкција на семејна куќа на улица „Козјак“ во Богданци, над гробиштата. Во пожарот целосно изгорел кровот на куќата, а опожарена е и внатрешноста на третиот кат. Куќата е троспратна, нема оштетувања на првиот и вториот кат.
Засега не се знае причината од која настанал пожарот. Сопствениците на куќата не биле присутни во домот кога настанало опожарувањето. Тие велат дека немале запалено оган во печката, немале оставено клума уред да работи, па се сомневаат дали станува збор за застарена инсталација.

Дали ќе излезе вештак на терен да се утврди причината на пожарот ќе кажат институциите.

Од ТППЕ Гевгелија апелираат до граѓаните да ги иститат оџаците од своите куќи, за да превенираат можни опожарувања од запушени оџаци од запалени недогорени саѓи. За секој случај на идентификувано опожарување да се јават на телефонскиот број 112.



















