Белобрадиот старец во црвено одело и торба полна подароци, Дедо Мраз ја посети денеска Гевгелија точно на пладне и ги израдува дечињата.
Поминувајќи низ централниот градски простор долж шеталиштето „Маршал Тито“ тој подели новогодишни пакетчиња, пригодни играчки, многу бонбончиња и слатки изненадувања за масата дечиња кои го пречекаат добродушниот дебелко со бела брада.
Овој настан беше во организација на Мото клубот „Феникс“ од Гевгелија, Моторџиите со своите возила направија свечена колона за најава на Дедо Мраз, а тој од приколката ги делеше поклончињата на радосните дечиња.
Убав настан кој предизвика многу насмевки и радост кај дечињата кои еве на вистински начин увидоа дека Дедо Мраз постои и навистина дели подароци и полкони.
Оваа донесе и многу пријатна возбуда кај членовите на МК „Феникс“ кои акцијата ја организираат по втор пат, како и минатата година и веруваме дека оваа радосна празнична магија ќе ја споделуваат и следните години.

Браво за идејата, за усреќените дечиња, за радосниот настан кој го исполни градот со среќа и добрина.
СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!!!

Видео: Добрила Јовановска (граѓански репортер – наша читателка)



















