Капитален примерок на дива свиња тешка 150 килограми уловена викендов на Кожуф планина, во ловиштето кај Кованец. Сезоната на лов е се’ уште активна и трае до 31 јануари. Дотогаш ловците ја испоробуваат својата ловечка среќа.
Викендов тоа им појде од рака на тимот успешни ловци од Негорци кои што го сочинуваат: Мите Бучков, Бојан Тодоров, Тодор Терзиев , Борче Јанкулов со помалиот помошник-подмлаткар Горан Бучков.
Грамадноста на лапиталецот само покажува какви ретки и обемно пораснати диви свињи има на Кожуф.
Убавините на планината Кожув нудат и ловечко доживување со богатството на планината.
Среќна сезона!



















