Добрите граѓани се обединија во битката за здравје на малата, но голема со срце и воља Викторија Костадинова од Гевгелија.
Еднаш, на 7 годишна возраст, со пресадување на матични клетки во Труција таа ја победи болеста и се врати дома здрава и насмеана, среќна што ќе се врати во училишните клупи меѓу своите другарчиња и другарки.
Подмолната болес за жал мутирала и во март минатата 2025 година, после три години здравје и среќа, Викторија беше исправена пред нов предизвик – болеста се врати и се бараше нов донор за нова шанса за ПОБЕДА на злокобната закана.

Се случи најубавото, најмоќното што може да го направи човек – да се донираат илјадници примероци крв од добрите и хумани луѓе, да се определи соодветен донор, да се третира Викторија со нова компатибилна коскена срцевина и да се насмее повторно здрава како само таа знае – со широка насмевка на БЛАГОДАРНОСТ до сите добри луѓе кои и’ помогнаа во оваа борба.
Еве ја Викторија дома со семејството каде на Бадник ја освои среќната бадникова паричка за полна година СРЕЌА, РАДОСТ, ЗДРАВЈЕ и ЉУБОВ од СИТЕ НАС!!!

Мајка и“ со благодарност за добрите луѓе на социјалните мрежи напиша:
– „Благодарност до Бог кој ни’ даде сила кога мислевме дека ја немаме, кога темнината беше најгуста и вера кога срцата ни’ беа скршени.Тој ја држеше во рака во секој тежок ден, во секоја болка, во секоја солза. Тоа е доказ дека чудата постојат, а нејзината насмевка е сведоштво дека со вера и молитва и Божја милост најтешките битки може да се добијат. Фала ти Боже за новиот живот што и’ го подари, фала ти за надежта што никогаш не ја одзеде од нас.
ГОЛЕМА благодарнст до сите луѓе кои донираа крв кога беше најпотребно, до сите роднини и пријатели кои секогаш беа тука и до целиот медицински персонал без кој немаше да биде се’ ова возможно. Засекогаш ќе бидеме благодарни.
🙏❤️❤️❤️ Христос се роди. Среќни празници на сите. ❤️❤️❤️❤️“ – напиша пресреќната мајка, Мери Костадинова, благодарност од среќа на социјалните мрежи.
АПЕЛ: Викторија повторно има потреба од помош од добрите луѓе




















