Утрово заврна првиот снег за оваа година во Гевгелија.
Врнежите траеа се до пладне и оставија бела покривка од околу три сантиметри. Тоа беше доволно децата да излезат и да го направат првиот снешко, малите да стапнат за прв пат на снег, големите батковци да се маваат со снежни топки, а многумина да ги приграбат телефоните за да направат фото запис од белата убавина во Гевгелија.
Еве дел од утринската снежна атмосфера во Гевгелија




















