На 28.01.2026 полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 став 3 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка.
Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Основното јавно обвинителство во Кавадарци донеле наредба за спроведување истражна постапка. Предвидената казна за ова дело е најмалку 10 години или доживотен затвор.




















