Екипа од 7-мина средношколци од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, под менторство на училишниот педагог Маја Проданова беа дел Интеркултурната вечер во Детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија, заедно со уште четири средни училишта од Македонија.
На овој прекрасен настан учениците од Гевгелија со многу гордост, посветеност и автентичност ја претставија Гевгелија, својот град, СОУ „Јосиф Јосифовски“ и секако богатството во музика, етнос и култура од нашата Македонија пред младите од другите земји учеснички на настанот и публиката.
Преку музика, традиционални ора и песни, рецитации и вкусови од македонската кујна, учениците успешно ги пренесоа културните вредности и традиции, создавајќи мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.

Настанот се одвиваше во топла, пријателска и инспиративна атмосфера, каде младите имаа можност активно да учествуваат, да учат едни од други и да ја споделат приказната за својата земја.
На овој начин младите средошколци од Гевгелија ги спознаваат културните интереси и афинитети на младината од Европа, но без трунка слабост ги покажаа и своите афинитети, познавањето на културните традиции, рустикалните јадења со вкусот од Македонија.
Оваа разноликост на култура, емоции и младинска енергија е богатството на Европа која ќе го движи напредокот во иднина, а ние посакуваме рамо до рамо со сите напредни земји и граѓани да бидат и нашите млади од Македонија.
Браво за гевгелиските средношколци, новите културни амбасадори на Гевгелија и Македонија!
Нашите млади од југот умеат да се претстават во најдобро светло и да шират пријателства!





















