сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Зголемен број на птици презимуваат и се гоштеваат на Дојранското езеро

Топлата зима со двоцифрени температури во текот на денот и изобилството од риба и годинава примамија голем број на водни птици да презимуваат на Дојранското езеро

февруари 13, 2026
in ФОКУС
Зголемен број на птици презимуваат и се гоштеваат на Дојранското езеро
0
SHARES
216
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Топлата зима со двоцифрени температури во текот на денот и изобилството од риба и годинава примамија голем број на водни птици да презимуваат на Дојранското езеро.

Нивниот број изнесува над 6.000 и е за една третина поголем од ланската година. Ова се податоците од годинашниот зимски попис, организиран под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД).

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Од МЕД велат дека Дојранското Езеро годинава го пречекува зимскиот период со засилен живот – бројот на водни птици што тука презимуваат се зголемил за околу 2.000 единки во споредба со минатата година.

Вкупно се регистрирани 6.209 птици, при што доминираат лиските, галебите и кормораните. По нив следат различни видови нуркачи и патки, кои придонесуваат за шаренилото на птичиот свет во ова природно богатство.

Еколозите велат дека Дојранското Езеро во последните пет години бележи умерени флуктуации во бројот и разновидноста на птиците, во споредба со Преспа и Охрид. Најчесто причините се поврзани со колебањата на водното ниво, присуството на ловџии и наглите локални климатски промени.

И годинава се забележани човечки интервенции, особено во северозападниот дел од крајбрежјето, каде земјиштето се претвора во земјоделски површини. Сечењето трска, која е важно засолниште и место за гнездење на бројни видови птици и други животни, може да влијае негативно врз природниот баланс.

Зимскиот попис на водни птици се спроведува на меѓународно ниво секоја година и опфаќа трите најзначајни македонски езера – Дојран, Преспа и Охрид. Од 2010 година, МЕД ја координира оваа активност, а годинашниот попис беше 17-ти по ред во земјава, како дел од глобална програма која веќе шест децении се спроведува во 189 земји и територии.

Годинава се попишани повеќе од 35.300 водни птици од 44 различни видови, на ниво на трите езера. Еколозите предупредуваат дека ваквите пописи се клучни за следење на здравјето на водните екосистеми и за навремено детектирање промени предизвикани од губење на живеалишта, промени во водниот режим, загадување и климатски влијанија.

Фото: П.Иванова

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Марија Главчева од Гевгелија со подкаст „Марија во Америка“

Next Post

KK „Кожув“ Гевгелија е третиот полуфиналист во Купот на Македонија

Next Post
KK „Кожув“ Гевгелија е третиот полуфиналист во Купот на Македонија

KK „Кожув“ Гевгелија е третиот полуфиналист во Купот на Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

1 година ago
Запалени автомобили на еден Македонец и двајца Срби во Грција

Запалени автомобили на еден Македонец и двајца Срби во Грција

3 години ago
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

1 година ago
Форумот на жени на СДСМ Гевгелија одржа трибина „Заедно против насилството врз жените“

Форумот на жени на СДСМ Гевгелија одржа трибина „Заедно против насилството врз жените“

4 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist