Вчера претпладне, на 19.02.2026 година, пазарен ден во Гевгелија кога раздвиженоста на патниците, пазарџиите е најголема, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Случајот е пријавен во 11:05 часот во ОВР Гевгелија со опис дека на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија патничко возило „Ланд Ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија удрило во 77-годишната Б.Д. од Гевгелија, која туркала велосипед.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 77 годишната жителка на Гевгелија Б.Д., констатирани во Јавна здравствена установа Општа болница Гевгелија.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.



















