Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија денеска во Богданци се одржа зонски турнир во одбојка (машки) за „Зона Гевгелија/Јужен регион“.
На натпреварите настапија средношколски екипи од Гевгелија, Богданци и Валандово и тоа од: СОУ’ „Јосиф Јосифовски” Гевгелија, СОУ „Богданци”Богданци и СОУ „Гоце Делчев” Валандово.
На натпреварите кои се одржаа во средношколската сала во Богданци постигнати се овие резултати:
🔹 СОУ „Богданци“ Богданци – СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија 1-2
🔹 СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија – СОУ „ГоцеДелчев“ Валандово 2-1
🔹СОУ „Богданци“ Богданци – СОУ „Гоце Делчев“ Валандово 1-2
Со две победи, 4 постигнати поени победник на Зонскиот турнир е екипата на средното училиште „Ј.Јосифовски“ од Гевгелија. Со ова тимот на гевгелиските средношколци обезбеди пласман на Регионален натправар.
Професор на одбојкарите победници е Влатко Семенаков, ментор и тренер на училишниот тим.
Честитки за вредните ученици спортисти и за нивниот професор!




















