Ристо Петровски од Гевгелија е долгогодишен рибар, познат по прекарот Бањата. Пасијата да рибари кај Вардар ја збогатува со улов, а кога ќе начека на мамката капитален примерок на риба е тоа е веќе вест за пофалба.
Ристо вчера во водите на Вардар кај Гевгелија улови сом со тежина од 42 килограми, долг 175 сантиметри. Ова не е негов најголем улов до сега, но е улов за паметење зошто борбата со рибата која се бореше за слобода и риболовецот Ристо траеше цели 35 минути. Таквиот труд заслужува внимание и за риболовецот, и за рибата капиталец.
При извлекувањето од водите на Вардар помогна Горан Шуклев, а овде беше и тим риболовци од Куманово кои беа сведоци на убавиот настан и самите учествуваа во акцијата сомот да биде извлечен на брегот, а тоа беа Вуле, Гоце и Дарко.
Сите заедно учествуваа во една несекојдневна рибарска приказна „Сомот од Вардар и риболовците“.
Рибарот Ристо е 65 годишен гевгеличанец кој зад себе има 50 годишно рибарско искуство. Вчера уловениот капиталец не е неговиот најголем улов. Ристо има уловено сом од 138 килограми, сом од 78 кг, од 65 кг и последниот од 42 килограми. Ретките примероци се ретко искуство, а на најумешните им доаѓаат како искуство на декадата.

Рибарски поздрав „Бистро“ за вредниот рибар Ристо!
Па да им се посреќи и на помошниците во следните средби и рибарења на Вардар, река убава, полна со живот и капитални примероци!
Погледнете ги во продолжение фото документираните улови на Ристо во минатите години:
























