Празничниот полициски билтен на ден Велигден носи два случаи евидентирани во ОВР Гевгелија: – Лишен е од слобода жител на Богданци поради семејно насилство, а двајца се повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Миравци-Петрово.
Утрово, на вториот ден од Велигден, 13.04.2026 во 01:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека 12.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26 -годишна сопруга.
Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во истиот ден во државата се регистрирани уште 5 случаи на семејно насилство и лишени се од слобода 5 лица: 2-ца од Скопје, државјанин на Хрватска, лице од Куманово, Кичево и од Охридско, и Богданци се впиша во билтенот за семејно насилство во празничниот ден.
Вториот регистриран случај од ОВР Гевгелија е сообраќајната несреќа.
На 12.04.2026 во 23:00 часот на локален пат од село Миравци кон село Петрово, гевгелиско, патничко возило „Ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(28) од Богданци, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(27) од Богданци, а со телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(25) од Гевгелија.
Повредите биле констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.



















