четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Димитар Трајков со ДВЕ ПРВИ награди на ИН „Сергеј Михајлов“ во Штип

Второодделенец, учесник на Интернационалниот музички натпревар во две категории, на два инструмента освои ДВЕ ПРВИ МЕСТА во силна меѓународна конкуренција - Димитар Трајков од Гевгелија

април 27, 2026
in SHOWBIZ, Музика
Димитар Трајков со ДВЕ ПРВИ награди на ИН „Сергеј Михајлов“ во Штип
0
SHARES
430
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Второодделенец, учесник на Интернационалниот музички натпревар во две категории, на два инструмента освои ДВЕ ПРВИ МЕСТА во силна меѓународна конкуренција – Димитар Трајков од Гевгелија.

Димитар има 8 години и е ученик во II одделение при ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија, а од својата 5-та година ја посетува „Школата за тапани“ која функционира во Пионерскиот дом Гевгелија под менторство на Момчило Делев. Мал, бестрашен пред предизвикот на големите тапани, широки и масивни, ги скроти со својата умешност и чувство да создава музика. Како талентиран почетник ги имаше своите први настапи на јавни концерти пред гевгеличани, на манифестацијата „Вкуси го југот“, по повод Детската недела во рамките на активностите на Пионерскиот дом и др.

Related posts

Сергеј Четковиќ приреди незаборавен концерт во Дојран, езерскиот брег пулсираше со романтика

Сергеј Четковиќ приреди незаборавен концерт во Дојран, езерскиот брег пулсираше со романтика

август 9, 2026
Концерт во Дојран на балканскиот уметник Сергеј Четковиќ

Концерт во Дојран на балканскиот уметник Сергеј Четковиќ

август 8, 2026

По три години учење техника на удари по тапаните, тренирање со менторот М.Делев викендов Димитар за прв пат настапи на натпревар, и тоа не од мал формат, туку Интернационален музички натпревар на кој учествуваа деца музичари од 13 земји. Меѓу сите нив и Димитар. Но, талентот е талент и сам се издвојува. Така Димитар „ги растури“ тапаните со своите одбраните нумери: 1. Metallica-„Enter Sandman“ и 2. Nirvana-„In Bloom“.

Слушнете го малиот првонаграден рокер на тапани со освоени со 96,5 поени од стручното жири:

На истиот Интернационален натпревар по музика за деца „Сергеј Михајлов“ што се одржа по 6-ти пат во Штип, малиот Димитар настапи и во конкуренција со пијано изведби во неговата категорија 2017-2018 год и освои ПРВА награда од жирито со 93 поени. Ментор наставник по пијано му е проф. Александар Лазаров.
Пред публиката и жирито ги изведе делата: 1.„Контраданца“, 2.„Караван“ и 3.„Буги“. Повелете, слушнете го пијано првакот од Гевгелија:

Димитар учи 3 години тапани, а втора година како изучува пијано, но музицира со пијаното само четири месеци, зошто првата година во ОМУ „Васо Карајанов“ изучуваше солфеж. Ужива и во двата инструмента истовремено и да го прашате кој инструмент повеќе го сака ќе ви каже „И двата!“ 😀. Ептен е музикален. Затоа е и посебен, и забележан, и награден, и со освоени награди и Дипломи се враќа во Гевгелија.

Ученикот од Гевгелија, второодделенецот Димитар, беше единствен учесник на ИН во Штип со настап во две категории, на два различни инструмента, и во двете категории однесе ПОБЕДА!

БРАВО Димитар!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Малолетник од Богданци фатен во кражба

Next Post

Влатко Семенаков ПРВ, Ана Бегова четврта на ДП во Дуатлон 2026

Next Post
Влатко Семенаков ПРВ, Ана Бегова четврта на ДП во Дуатлон 2026

Влатко Семенаков ПРВ, Ана Бегова четврта на ДП во Дуатлон 2026

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ООУ „Крсте Мисирков“ ги има шахистите прваци за 2022

ООУ „Крсте Мисирков“ ги има шахистите прваци за 2022

4 години ago
ВИДЕО: Кирил Зарлинов подготвува нови песни со гласот на ТОШЕ

ВИДЕО: Кирил Зарлинов подготвува нови песни со гласот на ТОШЕ

3 години ago
ВИДЕО: „Авантурите на Марк“ во Дојран

ВИДЕО: „Авантурите на Марк“ во Дојран

3 години ago
Првата вакцина против рак од Русија ќе ја сефтосаат и пациенти во Србија

Првата вакцина против рак од Русија ќе ја сефтосаат и пациенти во Србија

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода
  • Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist