Градот на југот, Гевгелија денес го дочека Светскиот ден на планетата Земја, 22 април, со расцветани булки, раззелената трева, расцветани жолти гроздови на палмините дрвја и оросена со 10 l/m2 дожд во изминатите 24 часа, а снег на планинските врвови на Кожуф.
Природата знае како да го разбуди животот на Земјата, па дури и да посака да ја врати зимата на 32 дена од настапот на пролетта. 🌴🌿💦🌎



















