Футсал репрезентацијата на Македонија со денешната победа сигурно оди во Втора фаза за квалификации на СП.
Заслужниот за победата над домаќинската репрезентација на Литванија е Бојан Јанев, 22 годишен футсал играч од Гевгелија и член на репрезентативниот тим од Југот.
Тој во првото полувреме денеска го постигна единствениот гол над Литванија и и’ донесе победа на Македонија од 1:0.
Погледнете го згодитокот на херојот на денот- футсал торпедото од Гевгелија – Бојан Јанев:
Ова беше конечниот резултат. Со претходните две победи над Турција и Бугарија, македонските футсал момци се сигурни за следното ниво на квалификации за Светско првенство во футсал.
На терен денеска истрча и Димитар Јанев, вториот репрезентативец од Гевгелија и имаше можност да шутира на гол, но голманот ја одбрани топката.

Ова е голема победа за футсал репрезентацијата на Македонија и успешно репрезентативно деби на младите Јаневи од Гевгелија.



















