Радост во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија – домашниот тим КК „Гевгелија“ го совлада тимот на „Шар Планина“ од Гостивар со резултат 67:56 и обезбеди влез во ПРВАТА кошаркарска Лига на Македонија.
– „После три сезони поминати К.К. Гевгелија ја напушта Аматерската лига и станува дел од прва лига, откако во третиот натпревар ја совлада Шар Планина со 67:56. Браво момци Гевгелија е горда на вас и ви посакува многу успеси наредната сезона!!“ – изјавија од раководството на новиот гевгелиски прволигаш.
Погодоците на гевгелискиот тим беа заслуга на колективната игра. Меѓу нив Александар Колев од Гевгелија, со 15 реализирани поени беше најдобар во победничкито тим. Божинов и Старделов дадоа по 12, Костадинов 10, а Лазаревски го заврши мечот со осум поени.
Победничкиот пехар го додели претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Главчев.
Задоволството со публиката го делеа тренерите Мицко Алексовски и Димитар Лазаревски и многуте аплаузи за бодрење во нови победи.

Ова е втор продор на новата генерација кошаркари од Гевгелија во Прва Лига после влезот на ЖКК „Гевгелија“ во ПРВА Лига, пред неполни три недели.
Честитки момци!



















