сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СВЕТ

ВИДЕО: Пукање во „Хилтон“ на гала вечер организирана од Белата куќа

Претседателот и гостите евакуирани, напаѓачот уапсен

април 26, 2026
in СВЕТ
ВИДЕО: Пукање во „Хилтон“ на гала вечер организирана од Белата куќа
0
SHARES
126
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

На гала вечер организиана од Белата куќа за нејзините новинари-дописници на која требало да се обрати претседателот Трамп, синоќа се случи инцидент со пукање со огнено оружје во салата на хотелот „Хилтон“.

Вооружениот осомничен кој се обидел да влезе во салата во Вашингтон каде што говорел претседателот Доналд Трамп најверојатно целел функционери од администрацијата, изјави вршителот на должност јавен обвинител Тод Бланш.
Бланш во неделата за Ен-би-си изјави дека мажот најверојатно дејствувал сам, откако со воз допатувал од Калифорнија и престојувал во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржуваше традиционалната вечера на дописниците од Белата куќа, на која Трамп требаше да говори.

Related posts

ВИДЕО: Стотици дронови утринава ја погодија Москва

ВИДЕО: Стотици дронови утринава ја погодија Москва

септември 20, 2026
ВИДЕО: Скок од Стратосферата – Светски рекорд на Сергеј Бојцов

ВИДЕО: Скок од Стратосферата – Светски рекорд на Сергеј Бојцов

август 23, 2026

Врз основа на досегашната истрага, „веруваме дека осомничениот целел функционери од администрацијата“, рече Бланш, повикувајќи се на одредени пишувања на осомничениот и разговори со луѓе што го познавале. Тој одби директно да каже дали Трамп бил целта, наведувајќи само дека и тој е дел од администрацијата.

Ова е снимка од евакуацијата на претседателот Трамп после слушнатите истрели од огнено оружје.

Осомничениот напаѓач — идентификуван како 31-годишниот Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија — во понеделник ќе биде обвинет за напад врз федерален службеник и употреба на огнено оружје при напад, рече Бланш. Подоцна за Си-би-ес додаде дека се можни и дополнителни обвиненија, зависно од мотивот и доказите собрани во тековната истрага.

Кој е човекот што пукаше Tој дипломитрал на Калифорнискиот институт за технологија во 2017 година и магистрирал на Калифорнискиот државен универзитет во 2025 година. За време на нападот, тој носел пушка, пиштол и неколку ножеви, соопшти полицијата.

Уапсен напаѓачот Кол Томас Ален

Трамп на прес-конференција во Белата куќа изјави дека еден полицаец е погоден од блиску, како што наведе, со „моќен пиштол“, но бил спасен од панцирот што го носел. За време на обраќањето на Трамп лицата на Меланија и функционерите покажуваат загриженост.

Пред истрелите на Гала вечерта првата дама беше со насмевки

На Вечерата на дописниците на Белата куќа, осомничен напаѓач склопил долго оружје во слабо надгледуван простор во близина на влез на терасно ниво, по што отворил оган и се упатил кон балската сала, изјавила волонтерка која била сведок на настанот. Според сведочењето на Хелен Мабус, која работела како волонтерка на настанот, напаѓачот го искористил просторот што не бил под безбедносен надзор, пренесува „Њујорк пост“.

Мабус, која потекнува од Харисбург во Пенсилванија, опишала „импровизирана просторија“ во близина на влезот каде што биле складирани колички со пијалаци и каде, како што навела, во тој момент немало обезбедување. Таа изјавила дека напаѓачот го извадил оружјето од торба или сличен предмет, додавајќи дека тоа било „долго“ и не изгледало како вообичаен пиштол.

Според неа, осомничениот извесно време бил надвор од директниот видокруг на обезбедувањето додека ракувал со оружјето во просторијата, пред одеднаш да се упати кон главниот дел од настанот. „Го склопи и истрча по скалите кон балската сала“, изјавила Мабус.

Потоа, напаѓачот почнал да пука во повеќе правци, додека гостите и персоналот во паника бегале. Таа навела дека слушнала најмалку десет истрели, опишувајќи сцени на хаос во кои луѓето викале и трчале, додека припадници на Тајната служба и вооружен персонал се упатувале кон местото на опасноста.

Припадници на Тајната служба го извлекуваат Претседателот Трамп

Мабус додала дека избегала во спротивна насока и не го видела апсењето на осомничениот. Според нејзиното сведочење, целиот инцидент се случил на само неколку чекори од преминот што води кон балската сала, каде што во тој момент биле собрани стотици истакнати гости. објави Скопје1.мк

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПЕТ награди со ДВЕ ПРВИ места освоија средношколците од Гевгелија на „Образовно рандеву 2026“

Next Post

Честит 26 Април Гевгелија! Ден на излегувањето на првите партизани од Гевгелија и гевгелиско

Next Post
Честит 26 Април Гевгелија! Ден на излегувањето на првите партизани од Гевгелија и гевгелиско

Честит 26 Април Гевгелија! Ден на излегувањето на првите партизани од Гевгелија и гевгелиско

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Физички нападнато лице во Гевгелија

Кривична пријава за Гевгеличанец

3 години ago
ВИДЕО: Успешно и брзо изгаснат пожар кај Железничка Станица Гевгелија

ВИДЕО: Успешно и брзо изгаснат пожар кај Железничка Станица Гевгелија

1 година ago
ФОТО: Акција за пошумување на Топлик, кај Гевгелија изведена денеска

ФОТО: Акција за пошумување на Топлик, кај Гевгелија изведена денеска

2 години ago
Денеска во западна Србија падна првиот снег годинава

Денеска во западна Србија падна првиот снег годинава

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist