Невообичаена глетка денеска во водите на Дојранското Езеро – јато составено од стотици пеликани и птици корморани слетаат во водите на езерото да се почестат со неговиот рибен фонд.
Инаку пеликаните се најдобрите рибари во природата кои дневно ловат по 3-5 килограми риба за своја храна. Секоја година го посетуваат Дојранското езеро и се гоштеваат бесплатно од езерскиот рибен фонд. Обично доаѓаат од малите водени ловишта во Грција кои при ниски температури се под лед. Годинава поради топлата зима рибите во Дојранско тераа раат без “баблиите”, како што ги викаат дојранчани, ама еве пролетта не куртулија дојранските риби од вештите ненаситни ловци.
Видео: Славица С. од Нов Дојран



















