Денеска завршува продолжениот празничен викенд па многумина кои празнуваа во соседна Грција денеска станаа дел од колоните кои чекаат излез од Грција за влез во Македонија, а најгусто е на преминот „Евзони“.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од огромни колони, а според коментарите од возачите, хаосот на „Евзони“ почнал уште во 14 часот по грчко време, каде граѓаните чекаат околу три часа за излез од Грција и влез во Македонија.

Колоните возила се протегаат со километри, а причината за хаосот, покрај зголемениот број патници, е и примената на новиот европски систем за влез и излез – ЕЕЦ (Entry/Exit System), кој значително ги забавува граничните процедури и е причинител за овие километарски колони.
До 17 часот колоните автомобили во три реда беа долги над 2 километри.
На преминот Богородица на македонска страна процедурата за влез се одвива без поголеми задржувања. На граничниот премин Дојрани за влез кон ГП „Дојран“ на македонска страна се чека околу еден час.
Некои од патниците кон Македонија, Србија, Црна Гора ги затече мракот, па долгото време на чекање го исполнија со песна и ора:




















