Планираните прекини во снабдување со електрична енергија се нужни за реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на територијата на Корисничките Енерго Центри.
Така КЕЦ Гевгелија најавува дека утре е предвиден прекин во снабдувањето со електрична енергија за ден 27 мај (среда).
Прекинот ќе трае од 08:15 часот, па се до 15:00 часот, речиси 7 часа, или скоро целото работно време.
Застој во работите и дејноста поврзана со потребата од електрична енергија ќе имаат жителите и стопанствениците на реонот каде ќе се извршуваат електро-енергетски зафати, а тоа се улиците:
– корисниците на град Гевгелија во Централното градско подрачје,
– дел од Градскиот плоштад,
– дел од корисниците на ул. „Кирил и Методиј“,
– ул. „Ристо Фршинин“,
– Градската библиотека,
– Музичкото училиште „Васо Карајанов“ и
– СОУ „Јосиф Јосифовски“.
Се известуваат жителите на овој реон кој ќе биде под работна опсервација на екипите на ЕВН во текот на утрешниот ден претпладне, да ги прилагодат своите дејности според недостатокот, односно привремениот прекин на електричната енергија.


















