Туристичката сезона на најјужното езеро во државата, Дојранското веќе е започната со првиите капачи уште во мај. Општината тајмингот за старт на туристичката сезона го озваничува со организирање на „Дојран Гурман Фест“ со изобилство на традиционалните јадења од дојранската кујна, песни, забава.
Традиционално, секоја година првите организирани посетители на Дојранското езеро се пензионерите, во орјганизација на Сојузот на пензионери на Македонија. 30-на автобуси од цела Македонија донесоа над 1500 гости во третото животно доба кои овде поминаа прекрасен ден во дружба, прошетки покрај езерото, ручек во традиционалните ресторани со дојранска риба, а за сеќавање на убаво поминатиот ден тука беше и орото македонско, во центарот на Стар Дојран, под широките сенки на јаворовите дрвја.
Дојран си има гости кои го знаат од младоста, кои го посетуваат и сега и гости кои не го забораваат и со песна и оро му се радуваат.
Убаво поминат викенд ден. Среќна сезона!




















