Историски момент во Солун, Грција – 830 танчери се собраа на плоштадот „Аристотел“ и официјално поставија Гинисов рекорд за најголем танц Зејбекико.
Гинисовиот рекорд во танцување на Зејбекико го држеше повторно Грција, но со учство на 754 танчери. Овој пат за 74 танчери поголема група заедно го изведоа танцот на музика и глас од познатиот грчки пејач Аргирос Константинос со песната „One Thessaloniki“.
Учесници во новата изведба на традиционалниот танц од грчката култура беа доброволци од Австралија, Кипар, Израел, Турција, Романија, Швајцарија и САД како и останати кои ја почитуваат грчката традиционална музика и танц.
Еден град, една улица. Едно чукање на срцето. Еден незаборавен момент за Грција.
Настанот прерасна во туристичка атракција и привлече многу публика, сниматели за социјалните мрежи и заедничка радост после одиграниот танц и постигнат Гинисов рекорд.



















