Во Хирошима утринава во 8:15 часот беше одржана комеморација и едноминутно молчење – точно во моментот кога, на 6 август 1945 година, американскиот бомбардер „Енола Геј“ ја фрли атомската бомба врз градот.
На овој ден, пред точно 81 година, Америка го бомбардира јапонскиот град Хирошима со атомска бомба.
Утрото на 6-ти август 1945 година, бомбата, која Американците ја нарекувале Little Boy (мало момче), беше „фрлена“ од авион, а само три дена подоцна, истата судбина го снајде и градот Нагасаки.
Поради бомбардирањето, Јапонија официјално се предаде во Втората светска војна, на 2-ри септември истата година. Но, штетата што ја направија бомбите беше преголема. До крајот на 1945 година во Хирошима починаа од 150.000 до 210.000 луѓе како резултат на бомбардирањето.
Некои загинале веднаш, во експлозијата, но други умирале во агонии од труењето со радијација. Атомската бомба во Хирошима уништила и сериозно оштетила над 60.000 градби, односно две третини од сите градби во градот.
Le 6 août 1945 sur ordre du président Truman, un bombardier largue la première bombe atomique jamais utilisée lors d’une guerre, sur le #Japon 🇯🇵 à Hiroshima. RT @ARTEfr #HiroshimaDay pic.twitter.com/CNT2ZMBn6w
— AsieNews (@AsiaNews_FR) August 6, 2026
Хирошима денеска ја одбележува 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа.
Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, во Декларацијата за мир порача дека релативизирањето на последиците од нуклеарното оружје и прифаќањето на силата како средство за остварување политички цели може да доведе до нов циклус на насилство и трагедии слични на оние во Хирошима и Нагасаки.
Тој ги повика светските лидери да ги согледаат катастрофалните последици од секоја употреба на нуклеарно оружје и да покажат лидерство во процесот на нуклеарно разоружување преку меѓународна соработка.

Една од најемотивните пораки пристигна од преживеаната Сецуко Турлоу, која со години е меѓу најгласните светски активисти за нуклеарно разоружување.
„Не сакаме да бидеме стопени, јагленисани или претворени во пареа“, порача таа, потсетувајќи дека зад секоја статистика стојат човечки животи и семејства уништени од нуклеарното оружје.






















