среда, 14, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители

Германската амбасадорка Петра Дрекслер посети производствени капацитети во Радовиш кои соработуваат со „ЛИДЛ“ Северна Македонија, што носи значајни придобивки за македонските компании, преку нови инвестиции и обезбедување нови пазари, но и за потрошувачите, преку подигнување на стандардите и квалитетот на производите

август 27, 2026
in MАКЕДОНИЈА
Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители
0
SHARES
212
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од фабриките во Радовиш до полиците на Lidl во неколку европски земји – за македонските производители се отвора нова ера на конкурентност.
За време на неодамнешната посета на германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер, на производствените капацитети на „Млекарница Ѓоргиеви“ и „Бестфуд ТИ“ во Радовиш, се дискутираше за придобивките од партнерството со „Lidl“ како мост кон европските пазари.

„Бестфуд ТИ“ соработува со Lidl од 2023 година и веќе произведува производи од цвекло, пиперки и феферони за сопствената марка на Lidl, „Freshona“. Нивните производи досега биле пласирани во рамки на промотивните недели на македонски производи во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска. „Млекарница Ѓоргиеви“ пак наскоро започнува и со производство на млечни производи за брендот Pilos.

Related posts

Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

октомври 14, 2026
Честит 11 Октомври, денот на народното востание на Македонија против фашизмот

Честит 11 Октомври, денот на народното востание на Македонија против фашизмот

октомври 11, 2026

Сопствените марки се во основата на бизнис моделот на Lidl и алатка за гарантирање на висок квалитет и пристапни цени. Нивното производство подразбира високи стандарди за квалитет и безбедност, соодветни сертификати и редовни независни проверки. Контролата го опфаќа целиот процес, од суровините и условите во производството, до завршната проверка на финалниот артикл.

Стефан Георгиев, комерцијален директор во „ЛИДЛ“ Северна Македонија, објасни што всушност претставува овој модел на соработка.

  • „Кога домашна компанија почнува да произведува за сопствена марка на Lidl, влегува во систем со високи барања за квалитет, безбедност и следливост. Исполнувањето на тие критериуми бара инвестиции и унапредување, но ги прави компаниите поконкурентни и подобро подготвени за европските пазари. Затоа соработката со локалните производители ја гледаме како можност за долгорочен развој и нови извозни можности. Со ефикасен синџир на снабдување и соработка со домашните компании, можеме да понудиме производи со висок квалитет по достапни цени, а истовремено да го поттикнеме локалното производство и извозот“, вели Георгиев.
Амбасадорката Дрекслер во посета на „Бестфуд ТИ“

Германската амбасадорка во земјава, Н.Е. Петра Дрекслер, при посетата на производствените капацитети во Радовиш, истакна дека исполнувањето на високите европски стандарди е клучен двигател за развој на домашните компании.

  • „За македонските производители, соработката со големите трговски ланци претставува директен мост кон европскиот пазар. Применувањето на овие стандарди не е само услов за партнерство, туку механизам што на домашните бизниси им ги отвора вратите за долгорочна конкурентност на европската економска мапа – клучен чекор кон членството во ЕУ“ – изјави амбасадорката Дрекслер.

Крсте Ѓоргиев, управител на „Бестфуд ТИ“, вели дека работењето пред и по почетокот на соработката со Lidl значително се разликува. Барањата на компанијата, особено во однос на IFS сертификатот за безбедност, поттикнаа надградување на деловните модели и сериозни инвестиции: „Соработката со Lidl беше силен мотив дополнително да го унапредиме нашето производство. За да ги исполниме строгите стандарди, инвестиравме во нова опрема, технологија и системи за контрола на квалитетот. Ова усогласување не само што ги подигна нашите критериуми, туку нè направи поконкурентeн
и стабилен партнер, подготвен за кој било европски пазар“, изјави Ѓоргиев.

„Freshona“ – нова марка производи од цвекло, феферони и пиперка за купувачите во маркетите „ЛИДЛ“

Адриана Панева, директор на „Млекарница Ѓоргиеви“ изјави дека млекарницата продолжува со инвестиции во нова опрема за автоматизација на производството. „Стандардите на Lidl ги вградивме во секој дел од процесот – од откупот на сурово овчко и козјо млеко од локалните фарми, преку производството, до финалната контрола. Стартот на производството за брендот Pilos е значаен чекор за нашата млекарница и за нашите кооперанти“, изјави Панева.

Од двете компании истакнуваат дека соработката со Lidl расте и напредува, а зголемениот обем на производство и извозот преку синџирот на Lidl маркетите се потврда за квалитетот на домашното производство. Посетата на амбасадорката ја сметаат за признание за досегашните напори и за довербата што меѓународните партнери ја имаат во капацитетите на двете компании. „Бестфуд ТИ“ и „Млекарница Ѓоргиеви“ продолжуваат со инвестиции во модернизација и автоматизација на производството, со цел да одговорат на растечката побарувачка – како на домашниот, така и на извозните пазари.

Компанијата „LIDL“ досега има инвестирано повеќе од 200 милиони евра во развој на современа инфраструктура во земјата. Во 2025 година, извозот на македонски производи преку мрежата на Lidl достигна 15,5 милиони евра, потврдувајќи го потенцијалот на домашните производители.

Како дел од Schwarz Group, еден од водечките европски трговци со храна, компанијата управува со околу 12.900 маркети во 31 држава. Наскоро се очекува „LIDL“ да ги отвори своите врати низ Македонија, овозможувајќи им на домашните потрошувачи пристап до својата квалитетна понуда по достапни цени.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Антонио Каракабаков на “EUROPEAN ATHLETICS KIDS GAMES 2026”

Next Post

Бесплатни часови по пливање завршија 215 деца од општина Гевгелија

Next Post
Бесплатни часови по пливање завршија 215 деца од општина Гевгелија

Бесплатни часови по пливање завршија 215 деца од општина Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Кандидатката за пратеник од СДСМ Гевгелија Елизабета Стефановска со поддршка на земјоделските производители

Кандидатката за пратеник од СДСМ Гевгелија Елизабета Стефановска со поддршка на земјоделските производители

2 години ago
Европратеничката Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик

Европратеничката Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик

1 година ago
СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

3 години ago
Сè уште се бориме! – Во чест на Меѓународниот ден за пациентите со ПХ и најхрабрата пациентка од Гевгелија Ѓургица Ќаева

Сè уште се бориме! – Во чест на Меѓународниот ден за пациентите со ПХ и најхрабрата пациентка од Гевгелија Ѓургица Ќаева

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија
  • Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково
  • Заврна првиот снег на Кожуф

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

Презентирана завршница на проектот за адаптација на нова конференциска сала за потребите на Општина Гевгелија

октомври 14, 2026
Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

Возило „Форд Т“ од 1923 претставено на изложба на олдтајмери, меѓу нив и славното „РЕНО 4“ од Стојаково

октомври 14, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist